
''Стариот брод'' е фонтана во стил на барок, уште наречен Грдиот брод. Тој се наоѓа на плоштад Шпанија во Рим, точно пред шпанските скали. Историјата раскажува, дека пред да се изградат речните ѕидови околу реката Тибар, таа често излегувала од своето корито и го поплавивала градот. Во 1598 г. имало голема поплава, која го поплавила плоштадот Шпанија со еден метар вода, а самиот плоштад одтанал под водата неколку недели. Откако водата се повлекла, на плоштадот останала стар брод, довлечкана од поплавите. Овај брод претставува инспирација за фонтаната. Во 1627 г. папа Урбан III му порачал на Пиетро Бернини фонтана, која ќе потсетува на честите поплави. Проектот е завршен од неговиот син - Џовани Бернини. Фонтаната претставува попупотонат брод, на која водата се излева од нејзините рабови. На носот на бродот се прикажани пчели, симбол на семејството Барберини, од кое потекнува папата Урбан III.