
Ушмал е еден од објектите на УНЕСКО за Светското културно наследство. Расположен е во Североисточен Јукатан на мексиканскиот полусотров. Археолозите сметаат, дека градот датира од 500 г. и се задржал на врвот во текот на век и половина.
Учените сметаат, дека името Ушмал значи ''изграден 3 пати''. Се смета, дека падот на Ушмал започнал како резултат на долгата суша во комбинација со политичките сукоби, кои доведуваат до неговиот крај. Денес археолошкиот објект е посетуван од многу туристи. Работите по него се' уште продолжуваат, но е јасно, дека градот имал исклучително елегантни градби од делкани и обоени камења. Се зачивале многу храмови, станбени згради и пирамиди. Исто така се знае, дека меѓу куќите имало зеленчукови градини, со кои маите успевале да се нахранат. Меќу најголемите забележителности, кои можат да бидат видени во Ушмал, се Пирамидата на волшебникот, која била извор на силата на претците и Куќата на гувернаторот. Таа ги отелотворува врвните достигнувања на архитектурниот стил Пуук со покриена со сложни релјефи фасада врз ѕидови од камен и бетон. Подигната е околу 900 г. за резиденција на Господарот Чак, скулптурата е украсена со симболите на неговиот истоимен бог.
Друга забележителност е игралиштето за игра со топка во Ушмал. Не толку спорт, колку ритуал, играта на топка била метафора на митот за креацијата и битката меѓу доброто и злото, а игралиштето било портал кон надворешниот свет.
На север од игралиштето за игра со топка се наоѓаат четири долги дворци, кои го образуваат т.н. ''Квадратен манастир'', во близина до кој е расположена и Источната колонада. Дворците се дел од многу богато украсени структури, нарачани од поселдниот познат владетел на Ушмал - Чан Чак Какнал Ахау, или Господарот Чак.
Благодарение на зачуваните градови, како Ушмал, разбираме, дека маите создале едно од најразвиените општества, кои некогаш постоеле во древниот свет. Нивните инженери проектирале огромни наредени со камен пирамиди, без да користат железни сечива.