
Урбино е град во регионот Марке во централна Италија. Во 2009 г. населението изнесува околу 15 600 жители. Градот е расположен на врвот на ридот ие најсилниот атрактивен центар во регионот. Во 3 век градот бил под римска власт. Во 568 г. собива статут на град. Во периодот 1474 – 1626 г. е престолнина на истоименото војводство и е популарен уметнички центар. Во тоа време Урбино е еден од најпрестижните градови во Европа. Градот е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско културно-историско наследство. Основни сектори во економијата на Урбино се туризмот и селското стопанство. Во Урбино се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа, кој датира од пред 500 години. Најголемата атракција во градот е Палацо Дукале (Војводски дворец), во кој се наоѓа националната галерија на Марке, во која можат да се видат колекции од делата на Рафаело, кој освен тоа е роден во градот, Паоло Учело, Лучано Лурена и други. Родната куќа на Рафаело е меѓу забележителностите во градот, која е доста добро зачувана. Капелата ''Св. Јован Крстител'' е туристички објект, кој остава впечаток со својот интериор - фрески, кои го прикажуваат распнувањето на Исус, како и сцени, кои го покажуваат животот на Св. Јован Крстител. Во Катедралата на градот може да се види сликата ''Тајната вечера'' од Федерико Борочи.