
Уплисцихе е древен пештерски град. Тој е еден од првите градови на територијата на Грузија и е еден од најважните споменици на грузиската култура. Неговата уникатност лежи во тоа, дека благодарение на неговата структура, градот ги сочувал остатоците од архитектурни и култни локалитети, градени пред илјадници години. За време на својот расцвет Уплисцихе имал повеќе од 700 пештерни објекти, од кои денес се зачувани само 150.