
Најстариот универзитет во Англија е еден од најстарите во светот. Основан е околу 1096 г. и до денес е еден од најпрестижните универзитети во светот.
Зградата на Оксфорд потсетува на величествен дворец. За разлика од Кембриџ, Оксфорд е отворен за посета целата година. За некои од колеџите, во рамките на универзитетот,се плаќа одделна такса за влез, за да се разгледаат учебните сали, библиотеки, капели и градини.
Универзитетското градче во средновековен стил, на многубројните туристи им предлага, како и на илјадниците студенти, многу кафичи, продавници, хотели и чувство на спокој и мир.