
Улица "Крочифери" е една од најзабележителните улици во град Катанија, Сицилија. По целата своја должина, таа е заобиколена од многу барокни згради, цркви, дворци, манастири и населени згради. Улицата е достапна од арката Свети Бенедикт и започнува од плоштад Сан Франциск од Асизи. Забележително е дека, на растојание од 200 метри има четири цркви: црква "Св. Бенедикт", црква "Св. Франциск Боргија", црква "Сан Џулијано" и црква "Св. Камил". Тука се наоѓаат Језуитскиот колеџ со својот манастир, вила "Керами", статуата на кардинал Џузепе Дусмет. Језуитскиот колеџ и манстир се вклучени во светското културно наследтсво под заштита на УНЕСКО (како дел од барокните згради на Вал ди Ното). Улица ''Крочифери'' е објект содржан со барокна уметност и претставува наслада за сите туристи во Катанија.