
Улица "Даунинг стрит" е расположена во ''Whitehall", централен Лондон, на неколку минути од зградата на Парламентот. Улицата е изградена во 1680 г. од сир Џорџ Даунинг. На №10 се се наоѓа резиденцијата и работната канцеларија на Премиерот на Обединетото Кралство. Ова е најпознатата адреса во Лондон, а зградата е една од најшироко распознатите во целиот свет.