Трухиљо

Трухило, Шпанија

Трухиљо, гард во првинција Естремадура, е познат како ''колевката на конкистадорите''. Многу од шпанците, кои низ епохата на Големите географски откритија отпатувале за Новиот свет, за да бараат среќа и брзо богатење, се родени тука. Меѓу нив е Франциско Писаро, Франциско де Орелјана, Гаспар де Родас, Диего Гарсија де Паредес. Родната куќа на Писаро е претворена во музеј. Денес градот е еден од најживописните во Шпанија и е важен туристички центар, кој привлекува илјадници посетители пореди многубројните забележителности. На врвот на ридот, на кој се наоѓа градот, се издигнува маварската тврдина ''Алкасаба'', од каде се открива прекрасна глетка кон градот и околните равнини. Централниот плоштад на градот со неговите кафичи, ресторанти и продавници е секогаш жив. Арената за бикови тука се користи за време на двата прочуени фестивали - на сирење во мај и септември.

Екскурзии и одмори до Шпанија »