
Трухило е тртитот по големина град во Перу, кој се наоѓа во северозапдниот дел на државата, административен центар на провинцијата Ла Либертад. Расположен на брегот на река Моче и по крајбрежјето на Тихиот Океан. Населението наградот е над 800 000 жители.
Градот го должи своето име на шпанскиот град Трухило, кој е родното место на Франсиско Писаро (шпански авантурист и освојувач, ја освоил империјата на инките и го основал градот Лима).
Перуанскиот град е основан во 1534 г. од Диего де Алмагро. Во историскиот центар на градот на 29 декември 1820 година е објавена и неговата независност. Трухило два пати бил објавен за престолнина и родно место на судската власт на Перу.
Градот е познат и како“престолнината на вечната пролет“ и главен град на типичниот за Перу танц - маринера. Секоја година тука се оджуваат редица од национални и меѓународни културни настани, како Националниот фестивал на Маринера, празникот на пролетта, меќународниот фестивал на книгата и други.
Трухило се наоѓа во близина на два големи археолошки објекти од пред колумбиската епоха - најголемиот град од тули во светот Чан чан, кој е под егидата на УНЕСКО и храмовите на сонцето и месечината.