Трогир

Трогир, Хрватска

Трогир е пристаништен град на јадранското крајбрежје во областа Далмација, Хрватска, со население од над 10 000 жители. Градот е расположен на мал остров меѓу континенталниот дел на Хрватска и остров Чиово. Се наоѓа на 40 км западно од град Сплит.

Трогир има над 2300-годишна историја. Културата му е создадена под влијанието на древните хелени, а потоа на римјаните и венецијанците. Во градот се зачувани фасцинантни средновековни дворци, цркви и трдини. Во 1997 г. е додаден во Списокот на светското културно наследство на УНЕСКО како најдобро зачуваниот римско-готски комплекс во цела Европа.

Туризмот е најважниот економски фактор во регионот, покривајќи 50 % од буџетот на општината со над 20 000 кревети во хотели и приватни апартмани. Има и силно развиен риболов и селско стопанство - традициите се' уште се зачувани меѓу населението во околината на градот. Најважната индустрија е бродоградењето, со бродоградителот ''Трогир'', создаден на почетокот на 20 век.

 

Меѓу забележителностите на стариот град се катедралата ''Свети ЛАврентиј'', дворецот Чипико, манастирот ''Св. Никола'', градскиот чардак, кнежевскиот дворец и многу други.

Екскурзии и одмори до Хрватска »