
Триполи е главниот град на Либија од 1963 година. Името доаѓа од грчки и значи "три градови". Основан е во 7 век п.н.е. од феникијците. Првично градот е нарекуван со името Оеа. Подоцна селото е наречено Триполис поради близината на соседните Лептис Магна и Сабрата, со кој бил во тесни врски. Но за разлика од нив, кои се изоставени уште пред многу векови, Триполи секогаш бил наслен. Историјата го испишала владеењето на феникијци, грци, римјани, вандали, арапи, шпанци, турци. Единствениот преживеан споменик од римско време е арка од II век - таа на Марко Аврелиј. Но од подоцнежни, муслимански времиња, градот предлага богатство од живописни глетки од медината - безброј продавнички, фонтани, џамии и над сето тоа - Црвената тврдина, прекрасниот дворски комплекс, кој сега поседува неверојатна колекција на ерхеолошкиот музеј.