
Торун е град во сецерозападниот дел на Полска, расположен по течението на река Висла. Населението му брои околу 200 000 жители. Торун е еден од најстарте градови во Полска.
Тука е родното место на астрономот Николај Коперник.
Во 1997 г. средновековниот дел на градот е објавен од УНЕСКО за светско културно наследство. Во 2007 г. “Стариот град“ во Торун е додаден во списокот на Седумте чуда на Полска.
Двете главни хипотези за потеклото на името на градот се, дека, тој првично бл Тарново, кое би требало да значи “растение на реката“. Друга етимологија кажува, дека Торун би значело “град по патеката“, поради неговата близина до река Висла.
Торун е опремен со планетариум (се наоѓа во цнтарот на градот) и астрономска опсерваторија. Таа располага со најголемиот радиотелескоп во источниот дел на Централна Европа, со дијаметар од 32 метри.