Толедо

Толедо, Шпанија

Толедо е еден од најважните градови на средновековна Европа. Првиот, кој сведочи за неговото постоење е римскиот историчар Тит Ливиј, кој го опишува како ''мал утврден град''. Тврдините, видни дури и денес, отсекогаш биле важен дел од неговата историја, како и познатите ''мечови на Толедо''. Тука е престолнината на Шпанијаод готската епоха до 1560 г. - факт, кој објаснува впечатлива средновековна архитектура. Целиот град е објавен за национален споменик и изгледа како огромен музеј. Посетителите можат да го разгледаат амфитеатарот и аквадуктот од римско време, тврдината ''Сан Сервандо'' од готски период, џамиите од епохата на маврите, дворецот Алказар, многубројни цркви, синагоги и музејот Ел Греко.

Екскурзии и одмори до Шпанија »