
Токио е главниот град на Јапонија. Во минатото градот се викал Еду и бил мало рибарско село. По 1603 г. Токио (или тогаш Еду) станува центар на националната воена влада на Јапонија. Оттогаш градот започнува да расте и во 18 век населението му достигнува блиску еден милион. Преименуван е во Токио во 1869 г. кога императорот Мејџи се преместува во градот. Денес Токио е најгусто населениот град во светот и е центар на јапонската култура и финансии. Освен што е жив космополитен град, Токио исто така е главен транспортен јазол и светски економски и индустриски центар.