
По патот од Палермо кон Месина, меѓу Нос Орландо и Милацо, оддалеку се забележува една црква издигната на височина над морето - ридот на Тиндари. Тоа е емблематичниот за малото градче храм на ''Црната Мадона''. Јужната страна на ридот, на кој е расположен Тиндари е оградена од добро запазени древногрчки одбарнбени ѕидини. Поголемиот дел од раскопките, уствари, се од северозападната страна и гледаат кон морето. Тука се наоѓаат остатоци од римси станбени згради и термили, украсени со забележителни мозаици на подот. Зачувани се уште основи на базилика, згради со арки, театар од 4 век п.н.е. Во летните месеци дури се одржуваат претстави. во комбинација со глетката кон крајбрежуето и ''песочните јазици'' во морската вода археолошкиот комплекс на Тиндари несомнено е еден од најинтересните во Италија.