
Тиволи е град во регион Лацио, Централна Италија. Се наоѓа на само 30 км од главниот град - Рим. Тиволи е град со богато историско минато и неверојатни природни убавини. Се смета дека, градот има подолга историја од Рим и датира од 1215 г. п.н.е. Ова е потврдено од Храмот на Херкулес - структура, која датира од 2 век п.н.е., остатнки, кои може да се видат и денес. Денешната слика на Тиволи е неразделно поврзан со неговите минерални води и со трите величествени вили, кои се наоѓаат во околината - Вила д'Есте, Вила Адриана (и двете се под заштита на УНЕСКО), како и Вила Грегоријана. Уникатните пејсажи биле восхитивани од многу поети и уметници и било омиленото место на богатите аристократи. Други забележителности во Тиволи се Храмот на Сибила и дворецот ''Рока Пија''.