
Тејбол Маунтин (или Тафелберх на локалниот бурски дијалект) е планински масив, расположен на југозапад од Кејптаун и се смета за една од „разгледниците“ на градот. Силуетата на планината е прикажана на знамето на Кејптаун. Тајбол Маунтин зазема површина од едвај 6500 ха, а највисоката точка и' е на 1085 м. надморска височина.
Врвот на планината е во форма на плато, кое заедно со нејзините стрмни падини наликува на обликот на маса. Тоа послужило за име на планинскиот масив, кое во превод на макеодонски значи „планинска маса“.
Тејбол Маунтин е една од најпосетуваните туристички атракции на Јужна Африка.