
Теракотната армија е именувањето на 8099 статуи на кинеските воини од теракота при музолејот на кинескиот император Цин Шуанг, кој ја обединува Кина во 2 век п.н.е. и го поставил почетокот на неговата моќ. Сапо една година по неговото седнување на престолот, 13-годишниот император ја започнува изградбата на неговата гробница. Според неговата замисла статуите требало да го придружуваат императорот во другиот свет и веројатно му дадат можност да ги следи своите амбиции и моќ. Објектот е случајно откриен во 1974 г. од локални фармери. Во 1987 г. Теракотната армија е вклучена во Списокот за светско културно и природно наследство на УНЕСКО, како дел од гробницата на императорот Цин Шуанг. Целиот комплекс е првиот кинески објект, вклучен во овој список.