
Без сомнеж Израел е една од водечките светски туристички дестинации. Еден од најсовремените и најубавите градови во државата е Тел Авив. Градот е вториот по големина во Израел, со население, вклучувајќи ги и предградијата, над 3 милиони жители. Тел Авив е важен културен, образовен и архитектурен центар. Од 2003 г. Тел Авив е вклучен во списокот на УНЕСКО како објект на светско наследство.
Голем дел од градот е расположен на брегот на Средоземното Море. Плажната ивица на Тел Авив е на светско равниште и предлага првокласни услуги за своите гости. Плажите во градот се со должина од околу 15 км и низ целата година се посетени од многу странски и домашни посетители.
Тел Авив е модерниот облик на Израел и еден од најважните бизнис центри во државата. Тука се расположени најголемите бизнис згради, трговски објекти и скоро сите странски амбасади во Израел. Можноста за меѓународна трговија и пријатната клима привлекуваат многу инвеститори секоја година.
Иако Тел Авив постои само 100 години, тој е важен културен и образователен центар. На територијата на градот се наоѓа еден од најстарите градови на Блискиот Исток - Јафо, кој предлага богат спој од културно наследтсво. Во Тел Авив се наоѓа и еден од најголемите универзитети за современи науки во државата.