
Тврдината „Добра надеж“ е ѕвездовиден воен објект, изграден во 17 век во Кејптаун, Република Јужна Африка. Иако првично е подигната на брегот на заливот Тајбол Беј, како резултат на вештачко пресушување на почвите, објектот денес се наоѓа во централниот дел на градот. Во 1936 г. тврдината е објавена за историски споменик и по реставрацијата во 80-те години на 20 век денес се смета за најдобро зачуваниот пример на тврдина на Холандската источноиндиска компанија. Денес тврдината е претворена во воен музеј. Отворена за посета е и галерија со уметнички дела со акцент врз керамиката.