Тврдината „Tower“

Лондон, Велика Британија

Изградена од Вилијам Освојувачот во 11 век како одбранбена тврдина, до 17 век е официјална резиденција на англиските кралеви, а подоцна е претворена во затвор. Во 13 век тука е преместена кралската зоолошка градина. Се наоѓа во близина на прочуениот мост „Таур Бриџ“ и река Темза.

За одреден временски период, тврдината се користела како затвор. Во Втората светска војна, во занданата на „Таур“ бил затворен заменик-фирерот на Германија - Рудолф Хес. Интересно за тврдината „Таур“ е, дека таму живеат гаврани. Легендата гласи, дека, ако птиците одлетаат и ја напуштат, Велика Британија ќе падне. Ова се случува во Втората светска војна, кое ги потврдува локалните верувања.

Секоја вечер во 21:53 се одржува специјална церемонија по заклучување на тврдината.

Екскурзии и одмори до Велика Британија »