
Саксајуаман е цитадела на север од Куско, Перу. Дел од тврдината е изградена за време на Килхе (луѓето ја населувале областа пред доаѓањето на Инките од 900 година до 13 век) околу 1 100 година. При доаѓањето на Инките комплексот бил раширен со суви камени ѕидови, изградени од огромни камења. Саксајуамансе наоѓа на 3 701 метри надморска височина. Објектот е додаден во културното наследство на УНЕСКО во 1983 година.