
Тарунд е град во јужен Мароко, кој е заобиколен од црвени калливи карпи, уште нарекувани "Бабата на Маракеш", поради тоа што изгледа како мал Маракеш. Во 16 век, династијата Саади го користи Тарунд како главен град на Мароко. Во времето на Саадите се гради и најголемата џамија и минаре во градот. Интересно е што целиот град се наоѓа позади своите тврдини ( близу 6 км). Денес се гради нов дел на градот, која ќе биде надвор од тврдините. Така градот ќе има два дела, една во и една надвор од тврдините. Тарунд е познат по производството и изработката на килими и накит.