Тарос

Сардинија, Италија

Археолошкиот објект Тарос е впечатлив не само поради добро зачуваните останки од величествен град, но и поради живописната местополжба на полуостровот Синис, од каде се открива гледка кон заливот на Ористано. Тарос е древен град, кој го доживеал својот подем за времено на феникијците уште во 8 век п.н.е. Никнал од остатоците на град на локалното население нураги од бронзена епоха, врз кој феникијци, пуни, римјани доградуваат и доразвиваат. Името Тарос се среќава во неколку римски извории врз попатен камен. Најзначајните пронајдоци во времето на раскопување се откриени на ридот Су Муру Ману, каде е откриено цилиндрично светилиште, типично за феникиската цивилизација. Повеќето останки, кои го придаваат денешниот облик на објектот се од римски период, каде меѓу нив впечеток оставаат бањите, основите на ранохристијанските храмови и околината со станбени згради и работилници. Се' уште продолжуваат истражувачките дејности, кои ги носат на бел свет интересните фактри од богатата историја на градот.

Екскурзии и одмори до Италија »