Таранто

Италија

Истоимената престолнина на провинцијата Таранто е крајбрежен и пристаништен град, тертиот по големина во Јужна Италија, со своето население од над  200 000 жители. Тој е важно трговско пристаниште и основна военоморска база на Италија. Расположен е на брегот на Јонско Море од една страна и на брегот на убавите заливи ''Малото Море'' и ''Големото Море'' од другата страна. Поради тоа Таранто е наречен ''Град на две мориња''.

Таранто е познат и како спартанскиот град, затоа што во 706 г. п.н.е. е основан како едниствената некогаш постоечка колонија на Спарта. Влијанието на Древна Грција се одразува позитивно за новиот град, кој околу 500 г.п.н.е. е еден од најголемите градови во древниот свет со население од над 300 000 жители. Од овој величествен период се зачувани останките од градските ѕидини, две колони од древногрчки храм од 5 век п.н.е. и множество гробници.

Историското срце на Таранто е расположено од другата страна на ''Малото Море''. Таму туристите можат да откријат интересни објекти, како катедралата ''Сан Каталдо'', арагонски замок ''Сан Анџело'', плоштад Фонтана, црквата ''Сан Доменико'' - сите зачувани, како што биле пред илјада години, кога Византијците го обновиле градот по рациите на сарацините.

 

Една од највпечатливите градби во градот е подвижниот мост ''Гиреволе'', кој го разделува ''Малото Море'' од ''Големото Море'', но ги поврзува двата дела на градот од двете страни на ''Малото Море'. Тој е изграден уште во далечната 1887 г.

Екскурзии и одмори до Италија »