Табха

Табха, Израел

Табха е област во Израел, која се наоѓа на северозападниот брег на езерото Галилеј. Името на градот значи "Седумте извори", иако изворите од кои водата тече и се влева во Галилејското Езеро се десет пати повеќе.

Во ова свето место за христијаните, Исус извршил едно од неговите чуда со хранење на 5.000 луѓе со две риби и пет леба. Во чест на овој настан во 1882 год. е изграден храм, кој е подигнат врз темелите на црква од IV в. Во внатрешноста се чуваат древни мозаици со насликана храна, која по заветот на Исус може да ги засити гладните.

Во близина е планината на Блаженствата, каде Спасителот ја предаде својата славна проповед. Денес, на тоа место, се наоѓа црквата на Блаженствата, која е со осмоаголна форма. На секој од осумте ѕидови во внатрешноста се испишани блаженствата: "Блажени се милостивите, зашто тие ќе добијат милост", "Блажени се чистите во срцето, зашто тие ќе Го видат Бога ..." и др.

Табха е исто така познат како местото на брегот на езерото, каде што Исус им се појави на своите ученици по трет пат од неговото Воскресение и ручаше со нив. Ова место ја чува камената маса каде што Месијата ги поканил своите следбеници и им наредил да ја продолжат неговата работа.

Екскурзии и одмори до Израел »