
Градот - префектура Сиџоу се наоѓа во Источна Кина, во близина до делтата на река Јангцекјанг и бреговите на езерото Тајху и на 84 км. источно од Шангај. Населението во самиот град е 5.5 милиони жители, но во околината на провинција Ѕјансу живеат уште 5 милиони жители.
Градот е познат како Кинеската Венеција поради големиот број на прекрасни канали, кои го сечат. Уште во периодот на династијата Сун (960 – 1279) Сунџоу се утврдува и како центар на производството на свила - традиција која се зачувала и до денес. Во градот и околината денес работат над сто фабрики за свила.
Еден од најубавите кинески градови личи на огромна градина со импресивни размери, така што во делтата на река Јангцекјанг уште од древните времиња имало над двеста градини. И покрај тоа што и до денешно време се зачувале половина од нив, шармот и величествената великост привлекуваат над стотици илјади туристи годишно.
Најголема е “Градината на Скромниот Чиновник“, која е создадена од Ванг Хјанчен, инспектор во императорскиот дворец. Негови се зборовите: “Грижите за мојата градина се одговорност на скормниот чиновник“, одкаде доаѓа и името на градината денес. Расположен е врз плоштина од 40 декари вештачки езера и резервоари, поврзани со необични извиени мостови и камени патеки, овој импресивен парк ги поништува претставите на обичниот човек за елеганција и симболика на пејсажот.
“Градината на Осаменоста“ е создадена во XVI в. и не е инфериорна во однос на убавината на првата. “Градината на Лавовската шумичка“, создадена во XIV в. од монахот Тјанру, “Градината на Мајсторот на Мрежи“ и “Градината на спората прошетка“ се само дел од многубројните паркови - оази во големиот град. А за љубителите на моркста храна, секоја година во Сунџоу се одржува празник на морските ракови.