
Сус е град во Северен Тунис, расположен на југозападниот брег на Хамаметскиот Залив на Средоземно Море.
Сус е еден од големите градови во државата и една од најпопуларните и преферирани дестинации за одмор во Тунис, која им предлага на туристите најразлична и интересна забава, како и прекрасни песочни плажи.
По арапското завладејување, градот го добива името Сус. Кајруанските владетели од династијата на Аглабидите придаваат големо значење на пристаништето на градот. Тие го опколуваат со ѕидини, дел од кои се зачувани и до денес, и ја подигнуваат Големата џамија во градот.
Освен како морско одморалиште, Сус е познат и со културно-историските споменици, како Стариот град, Суската касба (градска тврдина) со музеј и мозаици од римски вили од областа, Големата џамија, синагога, црква, катакомби и др.
Медината (стариот дел) од 1988 г. е објект на светското културно наследство на УНЕСКО.