
Дамек е огромна ступа која се наоѓа на 13 км од Варанси, Индија. Изградена е во 500 година, за да ги уважи дејностите на Буда во оваа област. Ступата е зголемувана шест пати, но горниот дел се' уште и' е недовршен. Во сегашната форма, ступата е тврд цилиндар од тули и камења, достигајќи височина од 43,6 метри. Ова е најголемата структура во Сарнат. Значењето на ова свето место е, дека тој го одбележува местото каде Буда ја проповеда првата проповед на своите пет ученици, откако постигнува просветлување. Будистичките верници од цел свет го посетуаат Сарнат, за да ја обиколат светата Ступа и да го чествуваат Буда.