
Стоковата берза во Трст, Италија, е основана во 1755 г. од императорката Марија Тереза. Таа е една од најстарите стокови берзи во светот. Подемот на град Трст како трговски центар се случил во 18 век, за време на управувањето на Хабсбургската империја. Стоковата берза се состоела од четири членови, а нивните задолжувања вклучувале управување на ренните, размена на стоки, предавање на жалби и предлози од локални трговци на власта. Презема и најразлични иницијативи, меѓу кои најважните се проектирање, финансирање и изградба на редица морски светилници на Јадранското Море во 1815 г., како и создавање на трговска банка Монте Сивик, подоцна нарекувана Штедната банка на Трст. Во денешно време, стоковата берза е во фазата на преструктурирање и растеж, исто така претставува инструмент за трговија на национално и меѓународно ниво. Ја потпомага конкурентноспособноста на фирми, заинтересирани од внос или износ на стоки.