
Стеленбош е најпознатата област на производство на вино во Јужна Африка. Населен е во ХVІІ в. од хугеноти, кои барале спас од прогонот во Европа. Стеленбош го зачувал не само архитектурниот стил на првите француски доселеници. но и нивните традиции во одгледувањето на лозја. Стеленбош се наоѓа во подножјето на планината Кабо со шиток спектар од лесни, песочни почви врз кои има лозја главно за производство на вино.