Статуата на слободата

САД

Статуата на Слободата е споменик, кој се издигнува на пристаништето во Њу Јорк. Бронзената статуа е подарок од Франција за Америка уште од крајот на 19 век. Таа е симбол на пријателството меѓу двете нации. Статуата на слободата ја бележи стогодишнината од Независноста на Соединетите американски држави.

 

Скулптор на статуата е Фредерик Огист Бартолди, а стабилната носечка внатрешна конструкција е дело на Густав Ајфел. Статуата на слободата се издигнува на 102 метри од остров либерти.

 

Статуата на слободата е една од најпопуларните американски забележителности и ја олицетворува слободата и стремежот кон неа.

 

Статуата претставува образ на жена. Врз главата на фигурата има круна со седум зраци, кои ги симболизираат седумте континенти. Дваесет и петте прозорчиња во составот на круната, се симбол на богатствата во светот. Во подигнатата децна рака жената држи факел, кон кој е додадено и знамето на Америка. Во нејзината лева рака е поставена Декларацијата за независност, објавена на 4 јули 1776 година. Во долниот дел кај нозете на Статуата на слободата стојат распарчените пранги на ропството.

 

Статуата е исполнета со дизајн и шарм и е едно од местата, кој секој турист би требало да го види во Њу Јорк. До него се стигнува со бродче, а глетката, која се открива кон Менхетен е најдобрата, која би можела да се види од која и да е точка на радот.

Екскурзии и одмори до САД »