Старе место

Прага, Чешка

Старе место или стариот град е името на дел од централната област во Прага. Ова е местото на првите доселеници на градот. Дури во 14 век Император Карло IV ја шири областа, градејќи околу него “Нов“ град. Двата дела се разделени од улицата „На Пржикопе“. Интресни забележителности на Стариот град се Староместкиот плоштад со астрономски часовник, црквата на Богородица пред Тин и Карловиот мост. Староместкиот плоштад и црквата Св. Богородица се централно место на Стариот град. Расположен мешу Вацлавака и Карловиот мост, плоштадот е непрекинато оживеан од туристи, особено во летната сезона. Околу плоштадот се наошаат две цркви - Богородица пред Тин (изградена во готски стил) и барокната Свети Никола. На плоштадот се наоѓа старата општина на градот, позната си кулата со астрономскиот часовник. Во центарот на плоштадот се напѓа споменикот на Јан Хус - црковен реформатор, кој е изгорен на калдило поради своите идеи. Споменикот е изграден во 1915 г., за да одбележи 5 века од неговата смрт.

Екскурзии и одмори до Чешка »