
Старата пинакотека е ликовна галерија во Минхен, која со право се реди меѓу најзначајните галерии во светот. Тука се претставени дела на сликари од Средновековието до средината на 18 век. Галеријата е основана од кралот Лудвиг I Баварски, кој бил страсен љубител на ликовната уметност и купувал многу слики, првенствено од стари германски сликари и дела на италијанската ренесанса. Кралската колекција била распрсната во различни дворци и така не можела да биде видена од народот. Опфатен од идејата за народното образование, Лудвиг I се заложил да направи поседуваното од него културно богатство достапно за општеството. За да ја оствари таа цел, тој го назначува архитектот Лео фон Кленце за изградба на зградата. Музејот отвара врати на 16 октомври 1836 г. и во тој период бил најголемиот музеј во светот. Денес постојаната колекција на Старата пинакотека брои околу 700 дела, претставени о 19 сали и 49 кабинети.