Старата општина на Минхен

Минхен, Германија

Старата општина на Минхен се наоѓа на источната страна на централниот плоштад „Мариенплац“. Градена е во периодот 1470 - 1480 г. од Јорг фон Халсбах. Тој прави интересни комбинации меѓу стара кула од ѕидината и нова градба во барок стил. Голем дел од објектот е разрушен од бомбардирањата за време на Втората светска војна и реставрирана е во 1975 г. Денес таму е сместен Музејот на играчките. Тој е исклучително интересен не само за деца, но и за возрасните, играчките се од различен период и ги одразуваат карактеристичните особености на дадената епоха. Пред музејот е поставена статуа на Јулија, подарок од жителите на град Верона, со кои Минхен има тесни врски. Посетителите можат да ги искачат 55-те скали до врвот на кулата (има и лифт), одкаде се открива прекрасен поглед.

Екскурзии и одмори до Германија »