Синтра

Синтра, Португалија

Sintra - a very impressive city, immersed in greenery and romance, a World Heritage Site. It is located high among the hills above the coast of Estoril, west of Lisbon. The city is an interesting combination of nature and architecture.

Најстариот дворец на Португалија со повеќе од 8 века историја е Националниот дворец во Синтра, каде се зачувани: Салата со лебедите, која и денес се користи за банкети, балови и приеми. По разрушувањето на салата по емјотресот во 1755 г., таа повторно е обновена заедно со 27-те лебеди на таванот; Салата на гавраните, наречена така поради прикажаните на таванот 136 гаврани; Салата со грбовите, која е издадена над градината, а од неа се открива поглед кон Алтантскиот Океан и цртежи на елени, кои држат 74 грбови на португалските благородници. Високо во планината се наоѓа друг дворец, кој е како излезен од приказните - Национален дворец "Пена". Дворецот е изграден од принц Фердинанд Сакс-Кобург во паркот "Пена" - 200 хектари терен со папрати, езера, неколку фонтани, масивни камени блокови и редки видови на дрва. Од највисоката точка Круз Алта се открива панорамна гледка, која стигнува дури и до Лисабон. Интериорот на дворецот денес изгледа така, како внатре се' уште да живеат кралеви и кралици.

 

Синтра предлага разнообразие од ресторанти, каде се приготвуваат традиционални, локални јадења. Како град, кој е расположен во близина на океанот, морските продукти се во изобилство. Типично за околината е месото од прасе од Неграиш, свинско од Мерсис, печено јарешко и телешко месо. Но најпрочуениот продукт на Синтра е ''кејжадаш'' - десерт, сличен на чискејк, приготвен со јајце, сирење, млеко, шеќер, цимет и свиткан во фино, крцкаво тесто.

Екскурзии и одмори до Португалија »