Сиди Бу Саид

Тунис

Сиди Бу Саид еградче во северниот дел на Тунис, расположен на 20 км. од главниот град. Познат е како ''бело-син град'' или ''град на сликарите', поради тоа што во почетокот на ХХ век тука живеат и работат сликари, музичари и поети. Го носи името на својот основач - Абу Саид ал Беджи, кој е импресиониран од убавината на местото и решава таму да изгради село.

На немуслиманите им било забрането да се движат по улиците на градот до 1820 г., кога следбениците на Абу Саид ја укинуваат вековната забрана.

Типично за градчето се куќите со бели фасади и сини прозорци и врати. Во 1920 г. Рудолф Д'Ерланже успева да издаде заповед сите новоизградени згради да бидат во бела и сина боја, и на максимум два катови.

Денес во Сиди Бу Саид живеат околу 5 000 жители, но многу повеќе се туристите во градот, кои се импресионирани од јарките, варосани куполни куќи, обвиени во бугивавили и хаотичните расфрлани тесни криви улички. Сиди Бу Саид е третото најпосетувано туристичко место во Тунис, по Картагена и Ел Џем.

Екскурзии и одмори до Тунис »