
Националниот парк Серенгети е најпознатиот резерват за диви животни во светот, ненадминат со својата природна убавина и научна вредност. Тој успеал да ја задржи невиноста на својата природна убавина. Биодиверзитетот во природниот парк се состои од 70 големи цицачи и околу 500 видови птици. Дом е на "петте големи животни": слонови, носорози, биволи, лавови и леопарди. Името му произлегува од јазикот на масаите и означува "бескрајни рамнини". Серенгети е најголемиот парк во Танзанија и неговија територија навлегува во југозападниот дел на Кенија, каде е познат со името Масај Мара.