Селинунт

Селинунт, Италија

Археолошкиот комплекс Селенуит претставува древна грчка колонија, ознована во 651 г. п.н.е. од доселеници од друга колонија, расположена северно од Сиракуза. Најдобрите години на Селинунт се во следните 200 години од неговото создавање, но после тоа започнува да ги привлекува воените интереси на Сегеста. Во 409 г. п.н.е. колонијата учествува во војната против Картагена на страната на Сиракуза, но брзо капитулира и губи голем дел ос населението. Во следните 150 години градот постепено изумира и е изоставен. Во X век арапите се населуваат во руините. Низ годините Селнуит не бил разрушуван само од битки, но и од неколку земјотреси. Во XV век за кратко одново е населен и е обновен. Првите ископини започнуваат уште во 20-те години на ХIX век, но прочувањето продолжува и до денес. Археолошкиот комплекс е разделен на три зони: акропол со пет светилишта, Источниот рид со три храмови и светилиштето на Сантуарио дела Малофорос. Храмовите се означени со букви и се' уште се проучуваат. Засега не е откриено на кои богови се посветени. Еден од трите храмови на Источниот рид се смета за вториот по големина древногрчки храм на Сицилија по храмот на Зевс Олимписки во Агриџенто. Целиот град бил опколен од ѕидини, градени дури во 306 г. п.н.е. Од Селинунт се открива неверојатна глетка кон прекрасниот морски брег и плажа во подножјето.

Екскурзии и одмори до Италија »