
Севиља е град во јужна Шпанија, центар на автономната област Андалузија и провинцијата Севиља, со население околу 700 илјади жители. Се наоѓа на брегот на реката Гвадалкивир. Севиља е позната по многуте споменици и богатата историја. Главни знаменитости на градот се катедралата "Санта Марија де ла Седе" (втора по големина во светот по "Св. Петар" во Рим), кулата "Хиралда", дворецот "Алказар" Каса де Пилатос, паркот "Марија Луиза" и арената "Маестранца Севиља". Освен тоа Севиља е познат и како градот на Кармен, Дон Жуан и Фигаро. Нејзините жители се познати по својата духовитост, нивните актерски способности и нивната способност да се радуваат, но пред сè, со вештините на мажите во јавањето и жените во танцот.