Светиот храм на забот на Буда

Канди, Шри Ланка

Храмот на забот на Буда е еден од најпознатите и најпосетувани будистички храмови. Се смета, дека се појавил во 311 г. во косите на принцеза Хемамала и брзо станал симбол на сувернитетот на Шри Ланка. Во минатото се сметало, дека престолнина на државата е градот, во кој се наоѓал Забот на Буда. Кога во 1590 година Забот бил пренесен во Канди, крал Вимала Дхарма Сурија I изградил двокатен храм на територијата на кралскиот дворец, во кој се чувала реликвата. Резби од дрво, прекрасно испишани тавани со рамка од сребро и слонова коска, го украсувале храмот.

Поради тоа што храмот се наоѓалл на територијата на кралскиот дворец, достап до него имале само кралот и главните служители. Денес во часовите на служба вратите на собата се отворени и може оддалеку да се види светилиштето. Со реликвите е поврзан еден од најпаметните процесии на истокот - фестивалот Есала Перахера. Секоја година пред полна месечина во август светилиштето се изнесува од храмот, за да учествува  големото празнување. Во него учествуваат десетици слонови, покриени со јарки покривки со ѕвончиња, стотици танчери, акробати и музичари. Илјадници луѓе се упатуваат кон храмот, за да ја видат величествената атракција. Во храмот има многу други богатства: колекција од древни ракописни книги, минијатури од смарагд на Буда, Буда направен од планински кристал на нефрит и Буда од злато. Храмот Забот н Буда е дел од огромен комплекс од згради: северно од храмот е Кралскиот дворец, дворецот на Кралицата и салата за аудиенции. До денес се зачувани само јавниот сектор на Кралскиот дворец. Денес во дворецотсе наоѓа Националниот Музеј.

Екскурзии и одмори до Шри Ланка »