Сарагоса

Сарагоса, Шпанија

Сарагоса е престолнината на автономниот регион Арагон. Населението на градот брои околу 700 000 жители, кое го прави петтиот по големина во државата. Сарагоса е важен индустријален центар со добра развиена тешка индустрија. Најголемиот завод во градот е автомобилскиот завод на ''Опел'' со над 8 000 работници. Во градот има многу културни забележителности, од кои најпознатите се Старата Базилика, Базиликата  "Нуестра Сењора дел Пилар", дворецот ''Алхаферија'' со маварски архитектурни елементи. Градот бил дел од Римската империја, за кое говорат и остатоци од тврдината во централниот дел. Во последните години градот е изграден ''на широко'' со типично шпански стил: широки улици, често пати еднонасочни за зголемувањето на проходот во сообраќајот, удобни за пешачите на тротоарите со можност за двиѓење со количка, големи паркови, места за спортување и присуството на водни пространства и фонтани.

Екскурзии и одмори до Шпанија »