
Сао Паоло е расположен во југоисточниот дел на Бразил, на околу 70 км. од Атлантскиот Океан. Населението на градот брои околу 11 милиони жители, а градската агломерација околу 19,8 милиони жители. Ова го поставува на прво место не само во државата, но и во целата Јужна хемисфера.
Сао Паоло се смета за најбогатиот град во Бразил и е важен финансиск, трговски и туристички центар. Некои од главните забележителности во градот се готската катедрала, мостот Октавиу Фриаш, Музејот на уметноста, улицата „Оскар Фрејре“, манастирот Сао Бенто и други.