Санто Стефано ди Камастра

Италија

Магичното градче Санто Стефано ди Камастра е расположено во подножјето на северните падини на планината Неброди во североисточниот дел на Сицилија и има околу 5000 жители. Географската положба му допринела за убавите глетки кон Тиренското Море и Еолијските острови. Градчето е познато со производството на висококвалитетната керамика, која се продава во многуте продавнички по улучките во центарот. Доказ за основното занимање на градот се многуте керамички панели по плоштадите, табели со броевите на улиците, означувања за спратови и имиња на пеодавници. Санто Стефано е основниот центар на керамиката во Источна Сицилија. Разнообразието од форми и бои на производите е впечатливо и вклучува декорации во стил Луј XIV, светли бисерни бои, карактеристични провинцијални мотиви. Интересни објекти за посетување во Санто Стефано се грандиозниот музеј на керамиката, декорирани со керамички орнаменти.

Екскурзии и одмори до Италија »