
Сан Себастијан или на баскијски ''Доностија'' е одморалиштен град на Бискајскиот Залив, центар на баскијската историска област Гипускоа. Се наоѓа на 20 км. западно француската граница и администаривно претставува дел од Шпанија. Самото население на градот бори околу 200 000 жители, но значително се зголемува за време на туристичката сезона. Климата му е океанска и Сан Себастијан е еден од најдождовните градови на Иберискиот Полуостров. Градот се создаца околу манастирот ''Св. Себастијан'', веројатно во 11 век, но неговото основање се должи на Санчо Мудриот, крал на Навара, кој во 1180 г. го определува местото за главно наварско пристаниште. Од 1980 г. полното официјално име му е Доностија-Сан Себастијан - ''Господар Себастијан''.