Салвадор

Салвадор, Бразил

Салвадор е град во источниот дел на Бразил, кој се наоѓа на брегот на Атлантскиот Океан, расположен на заливот Тодос од Сантос. Тој е главен град на сојузната држава Баија. Населението брои околу 2,7 милиони жители и тоа го прави третиот по големина град во Бразил, по Рио де Жанеиро и Сао Паоло.

 

Интересен факт за градот е, дека тој е разделен на два дела од карпест монолит. Меѓу двата делови на градот има раслика од 85 м. и во 1873 г. изграден е мостот Елвадор Ласерда, кој ги поврзува двата делови.

 

Најинтересните места за посета се поврзани со морскиот туризам. Крајбрежјето покрај метрополата е долго 80 км. и предлага неверојатни плажи за одмор. Меѓу најпопуларните плажи е Порто др Бара.

 

Во Салвадор има 4 големи паркови - Жардим, Коста Азул, Питуачу и градскиот парк, кој е расположен во централниот дел на градот.

 

Денес Салвадор е културен,историски и туристички центар и е вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство.

Екскурзии и одмори до Бразил »