Сагреш

Португалија

Сагреш е мало и пријатно село, исполнето со многу убавина во областа на Алгавре. Се простира на површина од 34,37 км.кв., а при последниот попис од 2011 г., населението броело 1909 жители. Саргеш е најјугозападната точка на континентот, местото, каде завршува континентална Европа. Испакнати во морето, носовите близнаци Сагреш и Сао Висенте биле загадочни и стравопочитувачки места за древните римјани и раните христијани. За Хенри Морепловецот ова делче земја, кое укажува на неситражени води, било местото на создавање на училиште за морепловци, кои подоцна ги поставуваат почетоците на ерата на географските откритија во Европа пред 500 години. Главната забележителност на крајот на турбините од ветар е Форталеза де Сагреш -  во обновената во 1993 г. тврдина, се наоѓа мала црква од XVI век и прочуената “роза на ветровите“. Овој гигантски морски компас, направен во каменот, е откриен во 1921 г.

Екскурзии и одмори до Португалија »