Саадинските гробници

Маракеш, Мароко

Саадинските гробници во Маракеш датираат од времето на Саадинската династијаи и султан Ахмад ал-Мансур (1578 г. - 1603 г.). Гробниците биле откриени во 1917 г. и малку покасно биле реновирани. Поради нивната убавина и историја, тие стануваат една од главните атракции во Маракеш. Во музелејот се наоѓаат околу 60 гробници, вклучително и тие на Ахмад ал-Мансур и неговото семејство. Гробницата е изградена од три соби, најпозната е собата со 12 столбови. Во оваа соба се наоѓа гробницата на султан Ахмад ал-Мансур. Спомениците се изградени од италијански мермер. Во градината пред гробницата на султанот и неговото семејство се наоѓаат и гробови на војници и служители. Скелето со кое биле правени околните ѕидови на зградата, се' уште можат да се видат, а дупките по скелето се користат од птиците како гнезда.

 

 

Екскурзии и одмори до Мароко »