
Рио де Жанеиро е град во Југоисточен Бразил. Населението на градот брои околу 7 милиони жители, а на градската агломерација е повеќе од12 милиони жители и е вториот по големина град во Бразил по Сао Паоло. Рио де Жанеиро е едно од најживите места во светот. По ред, со забележителностите, како статуата на Исус Христос, ридот Корковадо, „живиот музеј“ на Петрополис, стадионот Маракана, плажата Копакабана и многу други. Исто така Рио е светски познат со својот Карневал, кој се одржува секоја година од 1858 г. Музика, танци и боите стануваат едно, за да го натераат секој посетител да заборави на реалноста. Секој човек треба барем еднаш да го посети уникатниот егзотичен град и да се предаде на шарената магија на градот.