
Личноста на поранешниот претседател на КНДР - Ким Ир Сен, е подигната во култ, при што негови статуи има насекаде во државата. На ридот Манси, се наоѓа најпознатата статуа на "Великиот водач". Околу неа има и многу други споменици на севернокорејската армија. За сите граѓани на КНДР е апсолутно задолжително барем еднаш да го посетат ова место и да оддадат почит на спомениците и идеите, кои се прокламираат преку нив.